Појадокот е најважниот оброј во денот и затоа треба да се води сметка што се јаде. Најдобро е да се јаде половина час по будењето за на тој начин да се поттикне метаболизмот.
Најдобро е денот да го почнете со оброк кој долго ќе ве држи сити, а ќе ги внесете и сите витамини и хранливи материи. Ова е најздравата опција за прв оброк во денот.
Потребни состојки:
- 45 г овесни снегулки
- малку сол
- 45 г боровинки
- 1 лажица чија семе
- 120 мл бадемово млеко
- 70 г грчки јогурт
- 1 до 2 лажици сируп од карамела (по желба)
Начин на приготвување: Сите состојки добро промешајте ги оставете ги во фрижидер да отстојат во текот на ноќта, до следното утро. Утредента имате совршено здрав и вкусен појадок.