Потребни состојки:
- 400 мл полномасно млеко,
- 150 г чоколадо за готвење,
- две кесички ванилин шеќер,
- едно стапче цимет,
- едно чили (луто) пиперче,
- две лажичиња кафеав шеќер,
- 100 мл слатка павлака,
- една лажица амарето ликер,
- две лажици рендано чоколадо
Начин на приготвување: Во млекото додадете ги ванилиниот шеќер, кафеавиот шеќер, стапчето цимет и чили-пиперчето. Загрејте го до вриење. Додадете го чоколадото искршено на парчиња и на тивко варете ја смесата со постојано мешање додека не се растопи чоколадото. Садот тргнете го од огнот и по 10-тина минути извадете ги зачините и повторно ставете да се вари до вриење. Напитокот распоредете го во чаши и пред да послужите додадете го ликерот амарето и измешајте. На крај украсете со изматена слатка павлака и посипете со изрендано чоколадо.