Овој рецепт е само за возрасни бидејќи содржи една тајна состојка - рум.
Потребни состојки:
- 1250 мл млеко
- 120 г ориз
- едно стапче ванила
- 100 г шеќер
- 2 лажички рум
- 1 лажичка рендана кора од портокал
- парчиња портокал
Начин на приготвување: Во сад на оган ставете ги млекото, оризот и ванилата и оставете ги додека млекото не почне да врие. Потоа намалете ја температурата на среден оган и гответе околу 25 минути додека омекне оризот. Додајте ги шеќерот, румот и кората од портокал и гответе така уште 5-10 минути додека смесата убаво не се згусне. Поделете го сутлијашот во чинии и оставете ги во фрижидер неколку часа за да се изладат. Сервирајте со парчиња портокал.