Дека палентаната може да биде вистински специјалитет, доказ е и овој рецепт на вештите кулинари. Палентата важи за храна за „сиромашните“, но оваа гастро понуда со вкусот освојува секого, затоа не пропуштајте ја можноста за единствен вкус во кој ќе уживате. За пригтвување не ви треба некоја посебна вештина, а ниту многу пари. 

Потребни состојки:

  • 150 г палента
  • 800 г шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 50 г рендан кашкавал
  • 20 г маргарин
  • магдонос, босилек, сол, бибер, масло

 

Начин на пригтвување: Во посолена вода со постојано мешање сварете го качамакот и додаете го кашкавалот и бибер. Сипете ја оладената палента на работна површина, истенчете ја и исечете на триаголници, па премачкајте со масло. Секое парче ставете го на загреана тава и потпечете околу 3-4 минути од двете страни. Шампињоните пропржете ги на масло и маргарин заедно со иситнетиот (згмечен) лук, па додадете босилек и магдонос. Прелијте ги парчињата палента со оваа смеса и послужете. 

На здравје!