Вишокот килограми се вечна тема и дилема меѓу луѓето, особено меѓу дамите, кои секогаш сакаат да изгледаат беспрекорно, особено за некој важен настан. Токму за оваа цел, денес ви ја претстаувме шареноликата супер здрава салата која ефикасно ќе го прочисти вашиот организам.

Покрај тоа што ќе ги елиминира токсините од телото, ќе ги стопи масните наслаги и ќе успеете за пократок временски период да симнете неколку несакани вишок килограми. Еве како може да ја приготвите уште денес.

„Виножито“ салата за моќно слабеење

Потребни состојки:

•          150 г варено цвекло

•          150 г зелка

•          150 г моркови

•          1 јаболко (зелено)

•          2 супени лажици исечена зелена салата или спанаќ (по ваш избор)

Начин на приготвување:

Исечете го зеленчукот, ситно или крупно, по ваша желба и измешајте ги сите состојки заедно во голем сад. По желба, можете да додадете прелив од 1 супена лажица сок од лимон и 2 супени лажици ленено масло. Можете да додадете и малку сусам.

Заменете ги сите три оброци во текот на денот со околу 300 г на оброк од оваа салата за 3 дена. Може да консумирате и мало количество на нискомаслено сирење со истата, како и парче леб или парче риба. Покрај тоа, дозволен е зелен чај, а задолжително е консумриањето на големо количество вода. Не заборавајте на вашата физичка активност.