Потребни состојки:
- 1 кг брашно,
- малку крстена вода,
- малку квасец,
- сол и шеќер.
Начин на приготвување: Во подлабок сад со брашно се става: малку крстена вода, малку квасец, малку сол, малку шеќер и вода по потреба. Со рака се замесува тесто и откако добро ќе се измеси се става во тенџере со пекарска хартија да отстои 15 минути. За тоа време се подготвуваат фигури од тесто. Во подлабок сад со 100 г брашно се става малку вода и сол и се замесува тесто. Од тестото со помош на нож и сукало се прават: венец, крст, пиленце, грозје и жито. Фигурите се редат на површината на тестото во тенџерето. Се пече во загреана рерна околу 25 минути.