Килограми кокаин, литри и литри алкохол, неколку стотици расфрлани кесички со кондоми, но и таблети екстази нашла полицијата кога упаднала на журка во стан во центарот на Мадрид. Журката можеби ќе поминела незабележано, ако полуголи девојки од прозорците не им мавтале на минувачите и не ги канеле да им се придружат. И тоа се случувало додека воделе љубов.  

Соседите повикале полиција заради вревата која доаѓала од поткровјето на зградата, а кога органите на редот дошле имале што да видат - оргии, па уште и масовни.

Имало повеќе од 100 луѓе, девојки од сите делови на Европа, некои добро познати од филмовите за возрасни. На полуцајците дури им било понудено да влезат и да се напијат нешто, а ако се расположени и да се придружат на екипите по креветите. 

Идејниот творец заедно со девојка му бил приведен. Тој всушност бил продуцент на порно филмови. Двојката била шокирана заради приведувањето, и во прво време мислеле дека се работи за шега. 

Најчитани вести