Нервозни возачи, свирење и пцуење... Вака изгледа вечерва влезот на Скопје. Километарски колони од возила. Гужвата почнува уште пред надвозникот кај населбата Ченто, па се до семафорите кај Автокоманда.

Возилата кои од викенд се враќаат дома со часови стојат во место. Во функција е само една лента. Градските власти на чело со градоначалникот Шилегов решија да ја реновираат оваа делница, а граѓаните добија совет до центарот на градот да одат преку обиколницата или преку населбата Радишани.

Најчитани вести