Жител на гостиварското село Чегране пазарел со фалсификувани банкноти од 50 евра во аптека и маркети.

Според информациите на МВР, полицијата вчера го привела А.С.(54) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „фалсификување пари“.

Toj, во три наврати во аптека и два маркета, пуштил во оптек фалсификувани банкноти од 50 евра.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.

извор: Makfax

Најчитани вести