Skip to main content
x

16 Sep 2020 - 12:05
sportmedia
Статија

Вардар 1961 и Мешков Брест имаат долга историја на меѓусебни пресметки, особено во СЕХА-лигата, па токму затоа двата тима добро се познаваат.

Но, кога станува збор за мечевите од Лигата на шампионите имаат одиграно вкупно пет натпревари. Македонскиот тим нема победа против белорускиот состав на гостински терен, има два порази и едно реми. Останатите два меча завршиле во корист на Вардар, и двата се одиграле во Скопје.

Токму последната средба овие два тима ја имаа во Лигата на шампионите, во ноември минатата година, Мешков Брест на домашен терен славел со 31-22. Истиот месец пред две години, Вардар извлече реми 31-31, додека пак во март 2017 година беше совладан со 30-26.

Сепак историјата на пресметки, никогаш не е гаранција, таа постои за да биде сменета, а Стевче Алушовски и неговите момци денеска (18:45 часот) ќе имаат шанса да дојдат до првиот гостински триумф над Мешков среде Брест во ЛШ.

sportmedia.mk

Најчитани вести