Со првиот ден на октомври ќе помине точно половина година откако принцот Хари, Меган Маркл и нивниот син Арчи ја напуштија Велика Британија и се повлекоа од своите кралски должности. Иако претходно еднаш се вратија во Велика Британија, но само поради последната официјална обврска што ја имаа како двојка, за нивното враќање се пишуваше повеќе пати. Сепак, се чини дека „тропна тој час“. Хари донесе одлука и се враќа дома.

Додека многумина веруваат дека главната причина за одложување на нивното патување во Велика Британија е раздор меѓу членовите на кралското семејство, она што најмногу ги спречи Хари и Меган е пандемијата на коронавирус“. Ситуацијата се чини дека малку се смири, бидејќи „The Mirror“ тврди дека Хари планира големо прво враќање во неговата земја.

Имено, подкастот „ITV Royal Rota“ неодамна беше домаќин на коментаторот и експерт за кралското семејство Лизи Робинсон, која истакна дека Хари е инспириран од Игрите Invictus – меѓународен прилагодлив мулти-спортски настан, создаден од принцот Хари, што ќе се одржи некаде следната година во Холандија. Очигледно, ова ќе биде вистинска можност да ја посети Велика Британија и да го посети своето семејство.

„Иако сите го очекуваат во Холандија, патувањето сè уште не е официјално потврдено од принцот, така што сè е уште во воздухот“, рече Лизи, која верува дека Хари ќе пристигне во Велика Британија следната година. Хари неодамна изрази желба да се врати во Англија на Светскиот куп во рагби-лигата, кој исто така се одржува следната година. „Веќе би се вратил ако не беше КОВИД“, коментираше тој неодамна.

Најчитани вести