Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит или депозити во вредност од седум милиони евра.

Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра, вели Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка

Најчитани вести