Фото: printscreen

Припадници на полициската управа во Нови Сад идентификувале маж кој е осомничен дека претепал 28-годишен млад човек на улицата Јеврејска во овој град и му нанел тешки телесни повреди.

- Интензивно трагаме по И.К. (1990) поради сомнеж дека неколкупати го удрил 28-годишниот маж во главата и телото, како резултат на што изгубил свест, а потоа му ги скршил и двете подлактици - се наведува во соопштението.

- По наредба на надлежното обвинителство работиме на расветлување на сите факти и околности на овој настан, како и на пронаоѓање и апсење на осомничениот.

Претходно беше објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како еден млад човек брутално тепа друг, а потоа му ги крши рацете додека момчето лежи во бесознание.

На видеото, кое од вчера кружи на социјалните мрежи, се гледа како млад човек седи врз друг, кој беше соборен на земја, и го удира со тупаници во главата. По некое време, претепаниот човек изгубил свест, а напаѓачот потоа му ги скршил рацете.

Најчитани вести