Потребни состојки:

4 тиквички

 

2 лажички путер

1 помала главица кромид

2 чешниња лук

2 јајца

1 шолја фета сирење

1 шолја гауда

Магдонос

1 лажица брашно

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исечете ги тиквичките на половина и направете вдлабнатина. Средината од тиквичките измешајте ја со кромид и лук и пржете на путер додека да омекне. Откако ќе се излади смесата додајте брашно, сирење, магдонос и изматени јајца. Со смесата наполнете ги тиквичките. Печете на 190 степени, 20-25 минути.

Извор: Кајгана

Најчитани вести