Првиот човек на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во интервју за медиа.мк говори за начинот на кој што според неа јавноста ќе почне да ја враќа довербата во судско-обвинителскиот систем. Помеѓу останатото Русковска најави дека до крајот на годинава најголем дел од постапките кои се водат по обвиненијата од СЈО ќе имаат и првостепени пресуди.

Во однос на најавите на власта за ревизија на судски предмети, Русковска смета дека таквиот чин нема никаква правна основа за оние кои се правосилно завршени. Русковска лично нема ништо против испитување на потеклото на имот, но појаснува како истото би требало да се врши.

Обвинувањата на опозицијата дека го штити Заев и не постапува по нивните информации, за Русковска се апсурдни. Според неа осумте месеци, колку што опозицијата имаше прв човек во МВР, биле доволни за да се обезбеди барем еден доказ во прилог на скандалите на опозицијата за истите да не бидат затворени уште во предистрага како неосновани.

Тужбата за нејзина злоупотреба во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, Русковска ја гледа како поука партиите во иднина да не се обидуваат политички да поентираат на грб на правосудниот систем. Доколку добие, парите ќе ги донира во СОС детското село.

Погледнете го екслкузивно интервју на Рускоска за медиа.мк

Најчитани вести