Во колумнава ‘‘црнци и белци‘‘ се фигуративен говорен јазик! Не сум расист! Респект кон сите!

Чекале Македонци ( државјани на РМ / фак Северна) у тоа време виза за Грчка. За 99% скопјани, грчка виза се вадеше кај конзулатот каде што е сега палатата на ВМРО. И,.. елем,.. гужва,  пандурот вика, ако сакате побрзо да иде работава, мора да ви го опне црнец! Еден вика од таму,.. ‘‘ дајте барем двојца,.. побрзо да иде‘‘ !

И ние така на патот кон светла иднина се сликаме и си праиме селфи со црнци, ама пак не иде побрзо. Дали треба да се појача екипата црнци?! Или пак, не мора све црнци, може и некој надарен белец. Битно е да изгледаме ‘‘ заузети‘‘!

Пасус завршен... кој разбрал, разбрал!

Во меѓувреме Македонија ја отвара сезоната на ‘‘сокаци‘‘ за решавање проблеми. Јебеш Корона правила и салтанати врзани за опасност од групирање. За недела – две фаќа Октомври, само да не врне дожд, ќе видиме и коте и моте како дава изјави на незадоволство по блокираните сообраќајници кои дополнително додаваат јадна атмсофера на ионака очајниот свет.

Како печурки ќе никаат некои ликови залепени за два-тројца ветерани. Се тргна ‘‘сега и одма‘‘ во нова кампања за избори, колку и да звучи тоа небулозно. Тука ке треба неколку ‘‘црнци‘‘! Стопосто!

Во распределбата на вториот и третиот ешалон на власта ни црнци не помагаат зашто апетитите се преголеми а башка се на два нивоа. Едното е внатрепартиско во кое секој што чекал а не дочекал награда за верноста прети дека ке ја растури партијата, а второто е интер партиско во кое битпазарскиот модел на ценкање доживува ренесанса.

Македонија во актуелниов момент е бетер од ‘‘бувља пијаца‘‘ на која ке најдеш од трактор до плоча од Елвис Присли. Кој купил кој продал, битно како во играта ‘‘ Монополи‘‘ секој гледа да фати битна коцкичка од мозаикот. Дури и црнците се збунети па џабе спуштиле пантолани.

Зошто имам впечаток дека во државава не само опозицијата, несреќна е и позицијата. Евидентно е некакво бледило во еланот со кој настапува. Премногу напластени проблеми ‘‘ по глава на политичар‘‘ со ‘‘јамб у најава‘‘ дека најтешкото допрва претстои.

Засега одлично медиумите го амортизираат амбиентот на ‘‘боже у каква говна сме‘‘, известувајки од продолженијата на судските процеси и ситни криминали за да се каже дека ете, известуваат. Тука ни црнци ни белци не помагаат. Среќа како дежурна тема ‘‘Корона иљачот‘‘ за оправдување на лајната е идеална тема која ке потрае.

‘‘ Држи воду док мајстори оду‘‘ е амбиентот сок ој се справува државниот апарат но за тоа не е виновна само позицијата туку и опозицијата.

Моделот на ‘‘ излагаме на улица‘‘ како делување има свои строги правила. Не е финтата само да ја критикуваш власта и да псуеш мајки и сестри. Дај алтернатива и решенија! На ВМРО сепак ќе му треба некој црнец за да ја убрза ситуацијата на ‘‘ ќе го буткаме Мицко или не‘‘, а со самото тоа и да се види вистинската ситуација во партијата. Таму владее хаос кој се амортизира во јавноста со ‘‘ ајде по сокаци‘‘ за да види народ дека го браниме. Кого од кого браниш бе ‘‘ да ти шепне црнец три збора на увце‘‘! Море, двојца, за да иде побрзо.

На СДСМ му треба цела екипа на ‘‘Лејкерси‘‘! Целата тежина е падната на леѓа на таа партија, а во време во кое ‘‘ скопското крило‘‘ се очекува да го каже својот збор допрва.

Суетите на многумина се сјебани до ниво на комплекс и фрустрација. Демек, ‘‘сељачааната‘‘ мора да се прибере малку со ‘‘курчењето‘‘ зашто тука има луѓе кои да не беа, ни Заев - ни Маев немаше да постојат. Да!, ама сите забораваат дека Заев пљукаше сопствени пари за партијата. А, ‘‘ко плати – тај клати‘‘!

Башка да си признаеме дека беше упорен. А, велат ‘‘не јебе леп него упоран‘‘! Ваљда ‘‘ Лејкерсите‘‘ ќе завршат работа таму.

 Сите ние, како во почетокот на колумнава, сеуште чекаме виза за подобар живот. Како што стојат нештата на терен, ни фали уште една мала екипа на ‘‘ Кунта – Кинте‘‘ Мандинга! За да иде побрзо де, нели на почетопкот ја кажавме рецептата.

На страна Мандинго, нас не не оправа ни Св. Петар ни Хазрети Јусуф со овој ментален склоп. Не ни треба ни легендарниот пандур Ташко пред стариот грчки конзулат. Ни треба национален консензус за спас на државата. Малку повеќе реална, а не декларативна, прозирна љубов кон државата, која ја искомерционализиравме до ниво на ‘‘бувља пијаца‘‘ на која сите ќекаме некој ќар.

 Решение!?! Има, но ни треба ваљда уште еден црнец нели, за да оди побрзо. Битно ич не се секираме, зашто одамна сме си ја научиле лекцијата дека ‘‘ коме је суџено да га јебу, њему гаче саме падају‘‘.  Септември веќе го чекориме. Кога рекоа ќе биде она ‘‘ бетер ќе биде наесен‘‘!?! 

‘‘ Свирајте ми Јесен стиже дуњо моја, полагано‘‘.... ( Балашевиќ)

Личен став: Агим Јонуз

Најчитани вести