Пејачката Јадранка Барјактаровиќ после скандалозната снимка на која пее стихови на сметка на Србија се обидела да се “испере“. Се правдала дека атмосверата ја занела а потоа се повикала на колегата Аца Лукас.

- Тие така пеат и мене очигледно ме занесе таа атмосвера, со што и јас ја повторив по нив. Не мислев ништо лошо, никогаш не сум се мешала во политика, нити ме интересира. Од друга страна, ете и Аца Лукас кој ја подржува власта и пее по настани, па никој не го прозивал, како што мене сега ми се случува“, рекла Јадранка.

Аца Лукас така добро и одговорил на младата колешка која повеќе нема да и падне на памет да го споменува.

“Понекогаш и најпаметните луѓе немаат одговор на глупости. Ова што го рекла оваа “ѕвезда на Гранд“ е сериозна глупост. Нема сличност помеѓу подржување една политичка опција во својата земја, народ, вера и т.н. Го подржувам Вучиќ, но нешто не сум сигурен дека некогаш сум плукал или пеел навредливо против било кого на светот“. “Навистина незнам што сакала да каже посочената госпоѓица или госпоѓа и мислам дека ги измешала лонцињата.

Требала да каже: “Ако може Томпсон, можам и јас“. Што се однесува до мене јас не сум од таа приказна. Пеам насекаде, со чист образ и сите ме сакаат, не понижувам, поготово не се*ам на место каде што јадам леб“.

Најчитани вести