Уживајте во слатки и сочни смокви.

Состојки:

8 зрели смокви

Малку цимет

4 лажици незасладен сок од портокал

4 лажици мед 150 гр капини (по избор)

600 гр грчки јогурт

4 лажици гранола (крцкави мусли)

2 лажици ф’стаци без сол (или некои други јаткасти плодови или суво овошје)

Подготовка: Загрејте ја рерната на 200 степени. Исечете ги смоквите на половина и ставете ги во сад за печење, со исечената страна свртена нагоре. Направете фил со мед, цимет и сок од портокал и прелијте ги смоквите. Печете околу 15 минути. Извадете ги смоквите, посипете ги со капини и ставете сè повторно во рерна 3 минути. Наредете го јогуртот во 4 чинии и додајте ги смоквите. Украсете со ф’стаци и гранола и прелијте со сокот направен за време на печењето.

Најчитани вести