Со взаемното признавање, називот “Република Косово“ и прашањето околу езерото Газивода, точки кои биле вклучени, а подоцна тргнати или променети во договорот, претставниците на Белград и Приштина го претставиле пред претставниците во Белата куќа во Вашингтон. пишува приштинска "Koha ditore".

Промената следела откако Србија одбила да потпише документ во кој се користи називот “Република Косово“ и за кој треба да се обврзат на взаемно признавање, наведува приштинскиот лист.

- Србија исто така успеала да го наметне називот во преговорите во бриселскиот дијалог, нарекувајќи ги преговорите Белград Приштина – додава "Koha".

Како што пренесува Косово онлајн, во деветета нацрт точка се споменува посветеност каде што страните ќе тргнат кон взаемно признавање, но и таа точка е преформулирана во конечниот договор.

Напнатост и конфликт во приштинската делегација предизвикала точката во која се зборува за езерото Газивода, наведува понатаму "Koha".

Извори од "Kohe" велат дека оваа точка ја прифатил премиерот Абдулах Хоти, поради што лидерот на АБК Рамуш Харадинај јавно истапил против потпишување на документот.

Откако Харадинај се заканил со напуштање на коалицијата, Хоти побарал оваа точка да се преформулира во конечниот договор.

Но лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа сето тоа го негирал а известувањето на приштинските медиуми ги нарекол невистински.

 

Извор: Ало.срб.

Најчитани вести