Се борев со некои таканаречени старлети, бидејќи новинарите ме прашаа како го коментирам фактот дека тие го продаваат своето тело за 500 евра, на што се изненадив и реков: „Само“. Ми беше чудно што тие земаат толку малку пари, а се продаваат себе, вели црногорската пејачка јадранка Барјактаровиќ кога се пофали дека и биле понудени 10.000 евра за една ноќ.

Згодната црногорска пејачка неодамна имаше медиумска пресметка со некои српски старлети, бидејќи рече дека бараат малку пари за да го продадат телото.

- Сакам да се облекувам провокативно, јас сум со слободен дух. Секако, се плашам што луѓето ме ставаат во ист кош со моите колешки кои се занимаваат со проституција, не само јас, туку и други кои чесно си ја вршат својата работа. Тие работи влијаат врз мене. За многумина страдата е покритие, нека прават што сакаат, не ми е гајле, но лута сум на луѓето што ме гледаат исто како нив, рече таа

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jadranka Barjaktarovic (@barjaktarovicjadranka_privat) on

Барјактаровиќ вели дека таа само се обидува да изгради кариера, а за себе вели дека е воспитана патријархално.

- Имав можност да настапам на приватни забави и да дојдат моите колеги, па да отидат со некого, да седнат во скут и за 100 евра се подготвени на сè - вели пејачката, која додава дека не може да верува дека некој си го продава телото за 500 евра. Имав непристојни понуди, луѓето со плиток ум не ставаат во ист кош. Тоа беше многу одамна,  ликот дојде на мој настап, испи малку, и ми понуди 10.000 евра да спијам со него. Ми се гадеше, затоа што толку пари се ирелевантни за мене кога станува збор за чист образ. Јас сум многу среќна што не морам да заработувам на тој начин, додаде таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dobro jutro-dobar dan😊

A post shared by Jadranka Barjaktarovic (@barjaktarovicjadranka_privat) on

Најчитани вести