Се битисаа избори, потече многу вода под Камен Мост, се формира влада, једино што столчињата за парламентарците не се баш така комотни како фотељине доле у сала, не може да се опуштат и да дремнат дур некој тамо кења на говорница. Силно светнал ден, држава ли сме или крастајца. Ало, душмани не се заебаајте со нас! Што се смени дента по ‘‘завршивме работа, напраивме влада‘‘? Интересна работа, сонцето повторно изгреа на Исток! У јебо те! 

Види кои ‘‘азгани‘‘ сме у првиот чекор. Удри по дивоградбата кај Мавровка. Да види народ дека нема заебаање. Случајот со дивоградбата е страшна ментална мастурбација. Од почетокот кога божем не се знаеше чиво е како да е упаљач најден на маса, до последниот ден кога човекот си испадна со документација која вели дека се баш не е така. А, како е!? Ќе покаже времето. Ама некој да ме убеди дека тука прелиминарно некој  не ‘‘ ветил, лапнал, дал збор‘‘ тоа на друг некој да му кажуете. Чоекот си е курбан ‘‘number one‘‘ на власта. Реков – курбан!

 Тефтерите со програма од епохата на предизборието си стојат под мишка. Која црна програма, чекај има приоритети. Кои се приоритетите. Да се продолжи таму каде се застанаоло. Толку многу напластени проблеми има државава, што оваа власт може и да е ‘‘гланц нова‘‘, ама проблемите се стари.

Све је исто само њега нема ( Грујо)!
Никој не спомнува дека овој месец треба да почне припремата за ајвари и зимница. Ма јебеш ајвар кога нема ни за леб, тој треба да се мачка на нешто. Народот полека ама сигурно деновиве загњурува во есенската фаза на голготата наречена пандемија во услови на сакато магаре. 

Државата е ставена на ‘‘ аутопилот‘‘. Проблематиката во клучните ресурси само ја продолжува својата траекторија со исти кадри. Заев кормилар, Кумановецот тренира строгоча, Рада строи војска, Таљо дава пауза у парламент коа ке му се дигне, кучињата лаат а карванот минува.  Не е интересно. Нема спектакли. Што ке има?

Во култниот филм на Јасмин Дуракович од Сараево ‘‘ Нафака‘‘, има еден фрагмент во кој еден од јунаците на филмот вели ( изворно) ‘‘ гледај ба, црнци и бијелци могу заједно, а ми никако не можемо заједно‘‘! На Македонија која носи судбинско ‘‘ ќердосување‘‘ меѓу Македонците и Албанците и претстои домашно кино во коке секој секого ке гледа што поскоро да го симне од власт. ‘‘Прозор мора пасти ( Али)‘‘ вели албанската опозиција и таа ке стори се да ја опструира работата онаму каде што се министрите на ДУИ, додека македонската страна ке ја држи ‘‘ на кумплунг‘‘ за да може самата таа потоа да коалицира.

 Мицко најави протести од скоро време. Пеки. Право на опозицијата е да се буни низ разни модели, ама, како бе Мицко ке собираш толпи во време на корона? Ветер во грб на ВМРО во тие протести ќе бидат и многуте незадоволства на разни социјални нивоа кои ќе бидат пренесени на улица. Но! Дали сето тоа ќе знае да се изменаџира ако земеме во предвид дека внатре во ВМРО се поттикна страшна битка за рушење на Мицко. На партијата веќе и се случува страшен внатрешен ‘‘ нокдаун‘‘.

 ВМРО во моментов си е сам на себе најголем непријател. Ако во најскоро време не се направи конгрес, но не за смена на Мицко туку за ставање на ‘‘ секоја чорапа на свое место‘‘, тешко дека во некаков нов амбиент на предвремени избори ќе може да направи спектакли. Можеби може, но само ако онаа другата страна ептен ‘‘ усере‘‘ нешто.

Што ја очекува Македонија во блиска иднина? АУТОПИЛОТ! Продолжуваме онаму каде што застанавме е работава. А, застанавме у тешко срање кроз густо грање. Секојдневието ќе го санираме со кредити затоа што сите нешта се врзани за пари. Должни сме ‘‘ и богу и народу‘‘! А во суштина и да сакаме не можеме да очекуваме реален раст на ‘‘државниот производ‘‘ кој сам по себе гарантира стабилност. 

Кризата не е локална, ако е за утеха и оправдување. А, ситуацијата на Балкан Фест  ќе биде ‘‘ како први тако други‘‘ во опкружението од држави кои и самите се у ‘‘говна до гуша‘‘. И да сакаме не можеме да тераме некоја друга политика освен онаа која е регионално конструктивна.

И?... што ке се дешава. Ништо посебно. Медиумите ке удрат малку повеќе акцент на судските случаи демек, ете се решава нешто. Ќе се апси некоја боранија која се нашла у некој трип за пари. Ќе се сруши уште некоја дивоградба на некој звучен сурат. Ке се апси некој што мочал зад грмушка или некој контејнер.

Во меѓувреме ‘‘ПР‘‘ машинериите ќе растураат по медиуми дека Македонија цвета, дека сме најфраери у свет, дек Трамп насабајле прво што прашува е ‘‘ како се моиве у Македонија‘‘ и дека ние сме одамна у Европа, ама не кажуеме зашто има уроци, има душмани!

Државата е ставена на аутопилот во авион кој се вика НАТО. За Европа и салтанати отом потом. А, за подобар живот и социјална благосостојба сега за сега не таласајте. Не бидете неблагодарни. Има и бетер! 
Е, ИМА ЕБАТЕ БЕЉА! АМА ИМА И ПОДОБРО! ..... ‘‘ЈБТ‘‘!

Агим Јонуз
 

Најчитани вести