Интересна работа за која никој не зборува е податокот кој вели дека во распределбата за ‘‘газ место‘‘ во власта одамна имаме повеќе политички отколку стручни експертски кадри. Секако, не буквално, ама ако гледаме од аспект на спремност, секогаш преовладува ‘‘ наш чоек е‘‘ филозофијата.

Во партиите одсекогаш имало играчи ‘‘ за све и свашта‘‘, кои секогаш биле спремни да ја стават на коцка и професионалната и етичката и моралната компонента, ама битно е да ја задржат власта како кога имаш диареа ама го стискаш газот игла да не влезе. Јебеш државни интереси. Ионака други одлучуваат што ке се дешава со земјата. А, тој што ке рече дека јас бладам, нека се носи со се мислењето у три лепе, красне итн.

 Распределбата на власта понекогаш повеќе личи на распределба на улоги во театар, каде што еден глумец го игра  Кралот Лир, истовремено знае и да го игра и ефенди Цанде во Солунски Патрдии, а богами, знае и да го одигра Отело од Софокле, само ако партискиот лидер така смета.

Во земја која се декларира како земја на умни луѓе, се случува токму тоа! Експертите пак останаа дома да гледаат вести кога и се најпотребни на земјата. Да имаш власт создадена од експерти не значи под дифолт дека имаш експертска влада. Доволно е само партиите да го извлечат од своето стадо она што е реално спремно и писмено. Нека си бидат пак по партиска линија делегирани, ама нека својата писменост и образование, искуство, го преточат во дело од која државата ќе има ‘‘аир‘‘, а не партиите. Не може еден мал круг на ликови да се разбира истовремено и у применета физика и у туршија. 

Така самата држава ја претворивме во – туршија! Додуша, самите како народ сме туршија!
Структурата е небитна. Премиер можеше по некое чудо да биде и вујна ми. На несудениот премиер Насер Зибери ке му се амортизира со некое амбасадорско место. Ај се кладиме! Што и се случува актуелно во земјата рекордер по предвремени избори, по која шетал и Апостол Павле ( така сум чул)? Кога ги прашале ‘‘ The Muppets ‘‘ што се случува, одговорот бил – ние си се случуваме! Дали оваа влада ке биде функционална, не реков најдобра. Што ја очекува Македонија? Еве што!

На албанската страна се случува ‘‘анасана‘‘ ситуација во која не туку мала бројка контра Али Ахмети извиси во поделбата на колачот, а истовремено со она у руки што му остана цело време ќе мавта со бојкот, бушејки ги сите гуми на ДУИ на колата по која ќе се вози по власта. Во меѓувреме внатре во партијата ќе се ждерат партиските ‘‘ Звезде Гранда‘‘.  

Битката ‘‘Али да падне по секоја цена‘‘ ќе се развие до ниво на несакани последици по практукувањето на политиката која треба на државата да и даде функционалност. ‘‘Живи били па видели‘‘ велат србите. Ќе има циркузи. Филмот ‘‘ Тути Албанези-Тути команданти‘‘ ќе продолжи. 

Беса ‘‘спаси г‘с‘‘ со обичен маневар од кој ќари да биде жива пред да се распадне ако одеше сама. Касами одигра паметно. Или барем некој добро го советувал. Најголемиот проблем на Беса допрва ќе дојде. Кога нема да му биде потребен на СДСМ како фактор, а кога албанската страна ке рече ‘‘ Анасана, вие ли бевте тие што се шитнаа за кило граф‘‘!

Македонската страна е ‘‘шта да ти причам кад све знаш синко‘‘! Де факто ВМРО е повторно во опозиција, ама самиот податок кој вели дека разликата кон СДСМ, покажува дека таму уште има многу војници кои ке пукаат кон бедемот на власта  А, ‘‘неопределени‘‘ за обработка покажаа избориве дека има колку сакаш. Плус гладни газој еден куп, разочарани кои ќе се ‘‘до‘‘ разочаруваат ептен, а блиската иднина покажува дека само на бетер се тежнее ситуацијата.  Власта како боксерска вреќа за опозицијата е перфектна во овој период на Корона и Морона, на криза, на немоќ да се решаваат нештата како што треба. Глејте циркузи! Во меѓувреме на сите им е Мицко крив, а самите не се гледаат у огледало.

 Ако ги ставиме сите коцкици од слагалицата на маса, ке почнеме да градиме Кале! Пардон, не мислев на Американците. Аман не се чачкајте со нив да не ја ‘‘до‘‘ развиеме демократијата. Секоја случајност е случајна, сем случајната. Кале е само турско име за Тврдина. ( затворен цитат). Некаде надолу накај старото сајмиште испод Кале се слуша некаков врисок ‘‘ така требит и не серите‘‘!

Еве ви топка деца ( демократија) играјте и не таласајте! 

Спојувајки ги коцкиците, барем мене не може никој да ме убеди дека добиваме поинаква слика од онаа што ја имавме. Оваа влада ќе мора да пали свеќа секое утро да не тргне нешто наопаку со коронава, зашто справувањето до сега барем, беше преголем испит на спремноста на институциите. Институции кои се во полу ‘‘ Нокдаун‘‘ ако им додадеш уште некој проблем, ке се ‘‘шљоснат‘‘ ко претоварено магаре кое ги раширило ‘‘ сите четири‘‘. А тоа на опозицијата ќе и дојде ко ‘‘џокер за хант‘‘! 

Кукала им мајка на министрите кои ќе треба да се покажат како успешни наесен. Поготово оние кои се експерти и за туршија и за применета физика. Ама, затоа најмногу работа ќе имаат ‘‘ПР‘‘  службите кои ќе мораат да шминкаат се и сешто по медиумите. Ги жалам што работа ги очекува. Барем новинарите нема да претрпат претумбации на платни списоци. Нема потреба од нови Ексцел табели.

 Битно ‘‘туршијата е ставена‘‘. Нека дојде Есен кој и ебе матер! За зима ич не се секирајте зашто обично не праиме предвремени избори зиме! Зиме без разлика од која партија си, политичарите носат зиври, а политичарките гаки ‘‘уз врат‘‘. У собрание е топличко.

А, народот?
Па, треба ли у секоја колумна да повторувам! ‘‘Ко га шиша кад није из Ниша‘‘! Не! Не реков ‘‘кој го ебе‘‘! Не ми импутирајте! Туршијата ставена,.. дај сеа вади по една жолта уз туршичето.
Конобаааар, ‘‘доџи мало‘‘!

Агим Јонуз
 

Најчитани вести