Само политички неписмени будали тврдат дека се е во ред. Секако не треба да ги спомнуваме оние на кои тоа им одговара да се праат будали. И тоа е дел од играта. Ама треба да си ‘‘пиче мајчино‘‘ за да во таа игра распознаеш права будала од будала по професија.

Како и да е, најголемата будала е народот кој голта се што ке му набуташ у уста преку медиумите. Во ‘‘ Македонија вечна‘‘ се случува политичко “Saturday Night Fever” во која моментално свира песната од Крис Реа / “Blue Café ”  со еден стих кој вели: ....‘‘ тука доаѓа тој што знае вистина и го среќава тој на кого баш му е гајле‘‘.  И сите тие се наоѓаат во куполата на пентагоналниот полу Барок/Рококо  ( види Гугл Мапс ) парламент на државата и велат ‘‘ние сме од бога дадени‘‘ да не почитувате и следите кон светлата ви иднина. Ако изанализирам кој се ставил машна и се чекирал на влезот, тогаш аман, боље да си останам у полумрак, по комотно ми е! Навикнав! Јебите некој друг!

На човек мачнина да му фати желудникот кога ке помисли дека во наредниот  период ке бидеме сведоци на веќе видена излижана атмосфера на ‘‘за државата се,..се...‘‘ од една страна и од друга бојкот, сакаме нови избори, мајки , шајки, избледени национализми проткаени низ фрази кои се сипаат колку да се има нешто да се каже и да се заработи дневница.

Ментална гасна комора за оние кои размислуваат со свој мозок, ама немаат кај да бегаат зошто комората си е комора, затворена, четири зида и дупчиња низ кои медиумите ти пуштаат отров.

 Квалитетот на животот се топи како глечер на Гренланд, со интенција да остави само кал и камења довлечкани од топењето и времето.  Без светло во тунелот  низ кој се влечеме како оној во воено Сараево кога луѓето мораа да го минат во надеж за спас. Спас кај нас нема уште долго. Барем не на овој начин. Тоа не значи дека го нема, но данокот на сопствената мизерија на ментумот и разумот додека го исплатиме, веројатно оваа колумна ке биде историја од трета генерација.

 Албанците (се надевам) ја минуваат последната лекција која вели не може вечно да се биде во филмот ‘‘ Тути Албанези – Тути Команданти‘‘!  Категоричен сум во тоа дека на албанската страна не и требаат повеќе од две партии. Таму сликата е како на автобуска станица на која доаѓа автобус и се бутка секој ‘‘ гс преку глава‘‘ само за да влезе во аутобусот. Не е битно каде води. Битно е ‘‘ да се возиш‘‘, а до каде, ќе размислуваме покасно.

 Декапитализацијата на Али Ахмети е задача број еден за секој што носи машна. А зошто?! Затоа што е најкурназ, најпаметен, најзаслужен за актуелното општествено-социолошко ниво на Албанците во државава. Кој што направи, тој направи. Вистина е дека на албанската страна сеуште огромна бројка на интелектуалци е во сенка, неафирмирани, запоставени, но вистина е и дека сеуште е време на ‘‘врели костени‘‘ за која Али е специјализиран. А за тоа треба не само ум туку и да простите – муда!

Македонската приказна е ‘‘Црна се чума зададе там‘ долу Македонија‘‘. Во таа песна еден стих прашува ‘‘кој ќе се јунак појави чумата да ја убие‘‘. Оваа страна сеуште не успеа да направи свој ‘‘сеопшт‘‘ херој кој дефинитивно ќе ги сплоти македонците во едно национално тело кое нема така лесно да биде ранливо на нападите во политичката војна со албанската страна. Проклетијата на исконското не единство си го зима данокот на историјата. Бисултанатот во македонската страна е формула која никогаш нема да создаде здраво ткиво за кое реално се гине, а не декларативно. 

А ГДЕ СУ ПАРЕ!?!... прашува некој....
Парите не ебаваат дали си турчин или каур. Тоа е феноменот на кој после религијата се опиваат сите кои сметаат дека Бог се станува онака само со полн џеп. За тоа постои океан од науки како да дојдеш до пари и да станеш Бог ( не Господ). Ситуацијата онаква каква што ја опишуваме создаде многу богови, кои сеуште лето господово 2020 ( проклето по многу нешта) немаат платено ниту еден грев. Напротив, тие си играат со судбината на стадото кои они како богови го водат. Обичниот граѓанин на улица е потрошен материјал во играта наречена современа демократија за  несовремени современици.

Статистичка бројка во тефтерот на оној кој пред избори глуми јагне, а во суштина не е волк, тоа е убаво суштество. Хиена!

Ситуацијата е да простите – ‘‘ голи курац‘‘! Нема национална ‘‘ еуфорија за спас на државата‘‘! Има само ефтин театар за полуретардирани кои ја голтаат вистината дека на Пинокио му расте носот кога лаже. Па лажат сите! На кого му расте носот!?! Ма, да простите, им расте курот!!!

Национална еуфорија за спас на држава изгледа поинаку. Но, тоа таму каде што народот си ја сака државата. Македонија нема повеќе од 30% реални патриоти. За жал, нив ги нарекуваат националисти, ултрадесничари. Се останато е мижи Асан да ти баам. Категорично тврдам дека во тие 30% не се само Македонци, но амбиентот се создаде дека само тие се ексклузивци. Жими такво! Ама не сакаме да си признаеме оти ке се заебе концептот на постоењето.

 Чекориме напред, како и да е! Утре сонце повторно ке ‘‘сване‘‘. А каде тоа чекориме!?!
Ах, да,.. у ‘‘три пичке лепе материне‘‘... а каде поинаку со овој акал!?

Агим Јонуз
 

Најчитани вести