Активистите на СДСМ Кавадарци се разочарани од Заев и додека тој имаше митинг тие се откажуваат од партијата палејќи членски книшки, маици и останат рекламен материјал.

Васил Камчев од Кавадарци координатор на стечајците од 2010 до денеска револтиран со ситуацијата во која се наоѓа, изневерен од партијата за која и самиот вели е партија на лажачите.

На Лилјана стечајката и носев протестанти од стечајците, дури и пензионери и членови на СДСМ за да има повеќе на протестите, оти не можеа да најдат стечајци. Лилјана Ѓеорѓиевска не ја биваше за да организира и морав од тука да организирам и обеќаа многу дека за стечајците што имаат на 54 за мажи а на 52 за жени и обеќаа дека за сите што имаат над 15 години стаж дека на сите ќе им дадат ама со тоа ги излагаа.

Ама не им дадоа на сите туку им дадоа на 12.800 стечајци. Мене ме излажаа иако тоа не ми следуваше мене, јас тогаш пред 10 години имав 45 години и стаж 12 години имам. Ме лажеа дека ќе ми најдат работа само да одам со нив и да протестирам за власта на Груевски да падне.  

Божем тогаш било диктатура. Јас тогаш не осетив диктатура. Се и сешто правевме , никој не приведоа, никој не тепаа, а сега некој нешто да пише на порталите за Заев или за Шекеринска кривична пријава поднесуваат одма , одма 3000 евра го казнуваат или 3 месеци во затвор. Јас гледам дека сега е многу голема диктатура, вели Камчев.
Како што вели, тој секогаш бил на чело на протестите, секогаш бил на состаноците на кои се договарале протестите на наводните стечајци.

Се што Заев кажа се тоа погази, избриша, се смени, вели Камчев и го спореди Заев со убијци од  Втората светска војна.

Вели дека на сите состаноци на кои се договарале протести се одело на Бихаќа со Зоран Заев, а пред тоа со Бранко Црвенковски имале состаноци.

Се ни ветуваа, не гушкаа, а од сето тоа што ветија ништо не исполнија.  Поради тоа сум многу разочаран од нив. Вети убав живот за сите, а убав живот само за него (Бетиан Китев) има,  додава Камчев.
За да им покаже дека ништо не сака од партијата, Камчев и го запали  целиот рекламен материјал од СДСМ што го поседуваше, како што вели од партија што не е народна.

Целото видео може да го погледнете во продолжение.

Најчитани вести