Кампањата влегува во фаза во која не мораш воопшто да пуштиш глас на телевизорот за да чуеш кој што вели, оти излитеноста на пораките е веќе на ниво на страшна баналност. Уште кога на тоа ќе видиш фаци и сурати за кои во здрави општества нема место ни за батлери, ти иде да сечеш вени од очај.

Оној па таму еден вика дека како у Јапан ке ја врзе Македонија со возови заборавајки дека сто години се праи едно парче кон Бугарија и никако да се напраи, ама битно спотот му е импресивен. Згора на тоа и делува убаво за душа ако земеш да го гледаш како ‘‘жељотека‘‘.

Тука се убацуе и оној Јанко Бачев кој ја брани МАкедонија од мене, од тебе, од уроци и од ветерници. Трети тамо се појавуваат како пауни надуени полни со себе замислувајки се како ‘‘ Исуси Спасители‘‘ во ситуација во која ни Св Петар не може да смени ситуација. Битно, Македонија има светла иднина ако се понесеме по пораките и ветувањата. Сите среќни!

Има ли дежурен психијатар? Ако нема, вработете веднаш некој и отворете ‘‘хотлајн‘‘. Има да светне линијата и да се вжешти. Има ли реална аналитика на актуелниот јавен дискурс освен дефиницијата во еден збор која се вика – хаос! Обично хаосот е контролирана ситуација водена од центри на моќ. Ова веќе е класичен хаос без контрола. Се е само форма, а суштината вели дека ова е ренесанса на хипокризијата и примитивистичкиот политички Рокенрол. 

Нека е само жив и здрав народот. Во населбата Шутка има едно место се вика од век - векови ‘‘ Весела Долина‘‘. Битно е да се врти ‘‘ Џингрлака‘‘ уз ладно пиво.

Цела Македонија во моментов е една голема ‘‘Весела Долина‘‘ вокоја еден раштиман оркестар цепа турбо, а пеачот со еден златен заб со една рака држи микрофон, а со другата под око го брои бакшишот. Го заболе него стапот за премиер. Па не Албанец за премиер, дај боже да дојде некој Кунта Кинте - Мандинго за премиер. Само да донесе чаре за очајов. И да има пиво и музика за народ.

Ми се јавуе вчера еден другар од Нови Сад и ми вика ‘‘ а бе, вие сте Сафари Парк‘‘. Сакам да идам у Грчка, ама морам за пет часа да минам низ Македонија како да е Сафари Парк не смејки да мрдам лево – десно од патот.

Да знам дека нема да ме вратат од граница грците, како и да е ќе тргнам на пат, ама ако ме вратат ќе мора да се задоволам со тоа што сум прошетал дупе по Сафари. Ми вели ‘‘ нисмо ни ми бољи, али сте ви гори од горег‘‘. Не знаев дали да се смејам или да плачам. Типот си праи дупачка на сметка на сите нас овдека, а ние баш како Лемурите во Зоолочка сме се исправиле и глеаме збунето.

Битно сме симпатични. Можеш да замислиш на кое дереџе спаднавме, регионално со нас се подјебава секој, а апропос Сафари паркот тоа е исто како коа ние си праиме дупачка со Прилепчани дека биле мајмуни. А за нив ( вон границите) ние сме тешки шимпанза. Ама ептен нема смисла да ни кажат у фаца. Делата си го кажуваат своето. А богами и затворените граници и листата која вели дека како граѓани на Македонија немаме Бујрум – ама баш никаде!

Јас знам дека сево ова погоре напишано е навредливо и не треба никој да ме потсетува. Ама, има ли некој подобра дефиниција? Ова е само саркастино плачење над сопствената слика во лето госопдово двеиљади дваес‘то! Тоа не значи дека јас немам национална свест. Да! Но имам и национална – совест!

Таа прашува ‘‘ до каде ја донесовте државата‘‘. А јас се смешкам колку да и затворам уста и велам ‘‘ а бе се заебааме‘‘, ќе видиш ти за година дена има да бидеме ‘‘ ѓоа зумбули‘‘. Еве, ако не ми веруваш мене, пути телевизор и глеј кампања. Па, зарем не им веруваш! Немој молим те! Ти не си патриот!

Имаше на времето у бивша Југославија еден музички хит од ‘‘ЈУ‘‘ група и се викаше ‘‘ Чудна Шума‘‘. Одеше вака:... ‘‘једног топлог дана у сред густе шуме, медвед испи медни сок, ухвати тад сову и с‘њоме поче играти рок‘‘. Па вели,.. ‘‘ тресла се земља цели дан, не знаш с‘ким игра ко‘ ‘‘!

За оние кои знаат што е метафора и фигуративност, оваа песна е сликата на македонската предизборна стварност. Во чудна шума во која е најбитно да играш Рокенрол на сметка на редот и поредокот во шумата. Дури и таму има правила и закони на однесување. Тоа се правила кои постојат како единствен начин на одржување на природната животинска рамнотежа. 

И државата има правила, закони и прописи. Има ли рамнотежа!?! Дали мојот другар Србин од Нови Сад  добро размисли пред да не нарече нас тука ‘‘ Сафари Парк‘‘. Дали неговата метафора е нешто што сме си го заслужиле? Не знам! Знам само дека колку е смешно, толку е и трагично. 

А,.. потрагично од ова се што ни се случува има ли!?! ‘‘Имаа,.. има‘‘.. вели еден оптимист! 

Па зарем има уште некој оптимист! 

Агим Јонуз

Најчитани вести