Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 108, Дебар (41) – 1 починат,  Куманово (11) – 1 починат, Штип (7), Велес (3),  Кавадарци (2), Охрид  (2), Прилеп (2), Гостивар (1), информираат од министерството

Најчитани вести