Имаме уште една пропаганда ред криза со епидемија, дека сме добиле датум за преговори од ЕУ. Тоа не е точно, иако претседателот на СДСМ веднаш намонтира пропаганден банер и го пушти во јавност. Тој напиша: „Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ. Нема веќе никакви пречки ниту услови“. 

Датум за преговори Македонија не добила туку само став на министрите за надворешни работи на ЕУ дека нема пречки да го добие со препорака до Советот на Европа. Потоа, следи фаза кога секоја земја членка на ЕУ треба да каже свој став и евентуални услови кои треба да се исполнат со преговорите што е долг и неизвесен период и процес. Ние досега десет пати сме добивале препораки, а датум со документ кој тоа го потврдува - немаме.

Македонија ги добила преговорите кога ќе има документ за тоа од Советот на Европа (каков што немаме), а не лична статус објава на Твитер од секретар (министер) на европската влада и најава.

Како изгледа документот со кој навистина се почнуваат преговорите можете да видите на фотографијата во прилог, насловната фотографија се однсува на датум за преговори за Црна Гора а подолу датум за преговори за Србија и кога Македонија ќе го има тој документ, тогаш може да се зборува дека добила датум за почнување преговори а се, дотогаш, е пропаганда за партиски и предизборни потреби.

Информацијата од Твитер која СДСМ ја објавува како добивање почеток на преговори доаѓа во време кога ЕУ забрани извоз на медицинска опрема за Македонија, и време кога СДСМ и нивните портали и некои нивни невладини организации водат интензивна кампања против Словенија, Австрија и Унгарија кои се членки на ЕУ, а секретарот за проширување на ЕУ, поранешен амбасадор во ЕУ од Унгарија од валадата на сегашниот премеир Виктор Орбан. 

 

Најчитани вести