Лудилото наречено Корона допрва ке ескалира со аритметичка прогресија сакале ние или не! Тоа е неизбежно а со оглед на повеќе фактори. Проблемот е во тоа што нашиот народ  ( денес Петок, 20 Март) насабејле по улици шета со филозофијата ‘‘ ма нече гром у коприве‘‘. Нече?! Е па драги мои со оглед на непослушноста на препораките таа прогресија може многу лесно да се прошири каај нас ‘‘со квантна физика‘‘.  Со ова ниво на граѓанска свест ти не си секако коприва во која ќе удри гром, али си ‘‘ плава трава заборава‘‘ која како поле за ширење на зарази си како поле со купус у која залутал вол! Е, драги мои, немаме работа со вол, туку со АЖДЕР кој е невидлив, а со самото тоа ‘‘икс‘‘ пати поопасен од вол со зелени очи. 

Нивото на јавната свест во една држава е право пропорционално на квалитетот на безбедносниот штит на една држава. Под безбедност не се подразбира спремност да се гине за државата. Напротив. Понекогаш, како во случајов финтата е ‘‘да не се гине‘‘.  Јавната свест подразбира квалитетно следење на инструкциите, уредбите, апелите и директната соработка со институциите на системот. Како стоиме ние со јавната свест? Ма, ‘‘ фантастично‘‘ ,.. ( упм)! Филозофијата на ‘‘петак дан за метак‘‘ ќе мора да се потисне одреден период.  Под таа филозофија колку и да е несериозна,  подразбираме опуштеност и еуфорија во која изостануваат принципите на  ‘‘ следење инструкции‘‘ и мудроштиње  на ‘‘правилата постојат за да се прекршуваат‘‘.

Во преносна смисла на таа филозофија лично сметам дека на ова ниво на јавна свест државата мора уште сега и тука, да преземе најригурозни мерки на контрола на ‘‘пучанство‘‘ и неговата филозофија на ‘‘петак је‘‘.  Но, за тоа треба здрава држава. А ние многу добро си знаеме колку е здрава државата. Кога ќе ја поставиме формулата која вели ‘‘јавна свест + држава + капацитети‘‘, ќе дојдеме до резултат кој вели ‘‘Господ да не чува и голман да не брани‘‘!  За не повеќе од месец дена короната има да не растури ‘‘ ко дете звечку‘‘. 

Ќе се задржиме на феноменот  ‘‘јавна свест‘‘. 

 Јавната свест ја градат два столба. Квалитетното ( високо ) чувство на државност и од спротива квалитетни институции кои стојат зад граѓанинот како светост која ја заштитува. Мостот се медиумите, квалитетната информираност и споделување на енергија која ја гради државата да биде ‘‘мајка‘‘.  Исто така нивото на лична култура , едуцираност, информираност и стилот на живеење. Во ситуација како нашата, хиерархијата на преземување мерки кои треба да го стават народот ‘‘во ред‘‘ сметам дека има ‘‘дупки на голот‘‘.

Како прво, за да се има потполна контрола не треба војска и полиција да биде таа што хара по сокаци, туку таа треба да се симплифицира и да се делегира пред се локалната власт. Органите на редот и безбедноста не смее и не треба да се доживува како реперкусија туку како ‘‘чувари и набљудувачи‘‘ на она што треба месните, локалните и општинските власти да го преземаат како чекор.

  Самоизолацијата подразбира под права пропорција самоорганизација. Во неорганизирана држава по системот на крвни садови не очекувај да се самооргаанизира некој кој не знае ‘‘где му је дупе, где му је глава‘‘.  Сиромав народ, со долгови до гуша, во држава во која тој очајно живее ‘‘ ден за ден‘‘, силата и влијанието на државата мора да се почувствува директн на терен. Не со ‘‘ апели‘‘ и пропагандни спотови како се мијат раце.  Директно со акција! Како!? Еве како! 

Во мала држава како нашата, мобилизацијата на сите структури е мал проблем. Да! Ама ‘‘технички‘‘. Де факто, постојат механизми кои даваат овластување на локалните и месните власти да ја контролираат ситуацијата на теренот преку организирање на инфрастрктура која ке работи на контролата на секојдневието. Санитарни пунктови, патроли, помош, нега и едукација за последиците од не придржувањето кон инструкциите. Па и да казнува ако треба. И, некој ке рече па тоа е ‘‘кризна‘‘ а не ‘‘вонредна состојба‘‘. Ма немој! Ајде да и се вратиме на суштината. 

Овој народ функционирал искључиво кога се плашел од некого и нешто.  Во дваесет и првиот век а во актуелната состојба, сметам дека недоволен е бројот ‘‘ на уплашени‘‘.  Како реално да се уплашат? Во случајов сметам дека ‘‘да, ке се уплаши‘‘ ама – касно!  И ако некој не ја свати поентата дека ‘‘ ово није Петак дан за метак‘‘, него за ‘‘ памет у главу‘‘, штетата е негова. Ќе ја плати, Не дај боже со живот. А, ако некој треба прв да чуе ‘‘памет у главу’’ тоа е државата со сите свои механизми.  Го заболе онакво Корона вирусот за нашите дневно политички срања, за тоа дали е комшијата ‘‘Комита‘‘ или ‘‘Шверцери Чаир‘‘.  

 КОЈ ГО ЕБЕ БЕ?!?! Аха! Ќе видиш кој го ебе НЕДАЈ БОЖЕ! 

 Агим Јонуз 

 

 

 

 

 

 

 

Најчитани вести