Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ објави аудио бомба која е од висок јавен интерес и која, како што рече, му е доставена од свиркач, на која се препознава гласот на екс-премиерот Зоран Заев, како објаснува договарање со судии и обвинители.

На youtube каналот каде што е објавена оваа снимка, наведено е дека се работи за состанок во мај 2019 на кои се присутни З.З., едно лице опфатено во случајот рекет и н.н лице. Аудио снимката укажува на грубо мешање на извршната во судската власт, како и одлучувачката контрола на извршната власт врз работата на обвинителството во државата.

Аудио бомбата која Антонио Милошоски ја објави покажува дека Заев се слушал со Јово Вангеловски претседател на Врховниот суд за да паднат одредени предмети. Тој признава дека иако го критикувал Јово со него се блиски и дека Катица Јанева знае дека ќе паднат предметите и така ги тера случаите од СЈО.

Овој разговор кој е од висок јавен интерес, директно го поврзува екс премиерот Зоран Заев со “Рекет“, бидејќи Катица Јанева знаела за одлуката на Врховен во полза на Империја и дека рекетот е наплатен за таа одлука божем работата ја завршила Катица. А Заев се фали дека работата пред Врховен ја завршил тој.

ЗЗ.; Амбиентот во моментот кога тоа се случува, Катица знае, по кои постапки, со многу трпение треба да се оди, и го тераме целиот процес. Знае дека на Врховниот суд ќе се донесе таква одлука. Без Заев не може...

З.З.; Им реков почекајте, ќе видите одлука на Врховен суд, оп, се случи одлуката на Врховен суд. Законот за СЈО што го преговаравме, до касно го преговаравме. Ако се издоговориме тоа многу брзо ќе му се стави крај, трас – трас готово; ако не се издоговориме ќе се заврши на одложен рок, но ќе се заврши; одлуката на Врховен суд е донесена.

З.З.; Што се случува во правото, кога има материјални докази коишто се обезбедени на основа на неовластени и недозволиви снимки, снимките се веќе недозволиви и обезбедените материјални докази паѓаат, таму кај што паѓаат се затвора предметот, тоа е како донесена пресуда, не се отвораат.

З.З; Што е важно? Катица тоа го знае, знае од целиот почеток,.., значи ја со Јово Вангеловски, беше еден од трите судии во врховен суд, имаше и други тројца од Апелационен суд, што требаше да паднат заради бегството на Сеат Кочан и заради бегството на овој (Груевски); и Јово беше вратен, сум се смирил и сум се договорил со Јово. Точно е ние бевме блиски, тераме блиски, јас сум таков човек, прво не верувам секојпат дека не треба, секојпат сум верувал

З.З.; Ова е политичка нбитка помеѓу ВМРО и СДС и тука треба да застане, заради тоа се разговорите, они поминаа границите. Знаејќи го Катица целото тоа што се случува, она и така се однесува, знае дека ќе паднат предметите. Знае, дека и да не сака, она помага, значи готово, нема, влезена е во тој процес сега.

З.З.; Со Јово и сум бранел во јавност и сум јадел .... Цела јавност знаеше дека власта стои зад Врховен суд; Врховен суд тоа сам не може да брка.

 

Најчитани вести