Слободан Здравковиќ, (76) од Зајечар кој преку оглас се пофалил дека зема германска пензија и бара жена, бил пронајден мртво во својот дом вчера вечерта.

Непознати разбојници го врзале на стол и го тепале брутално сè додека не открил каде ги чува парите. Несреќниот старец живеел сам, а работниот век го поминал во фабрика „Мерцедес“ во Германија.

Откако се вратил од Германија тој плаќал куќна помошничка да му помага во домашните обврски и набавка на храна.

Таа во средата околу осум часот дојде кај Здравковиќ и кога го здогледа мртвото тело врзано за столица за малку не се онесвестила. Почнала да бара помош а повикала и полиција.“ велат соседите.

Беше очигледно, вели тој, дека Слободан бил претепан до смрт, па по наредба на обвинителот започна истрага.

Само неколку работи беа расфрлени во куќата на Слободан, што укажува дека додека бил измачуван, старецот веднаш признал каде ги чува парите.. Засега не е познато колку пари се одземени. Телото е испратено на обдукција, а полициските инспектори во Зајечар трагаат по осомничените“ велат од полицијата

Соседите на Слободан се згрозени од грозоморното злосторство. Тие велат дека тој бил мирен и културен и дека не пречел на никого во соседството.

Сите го викавме Дане. Беше витален и возеше автомобил, но имаше проблеми со срцето. Долго работеше во фабриката „Мерцедес“, каде исто така се стекна со пензија. Не знам колку му беше пензијата, но тој живеел повеќе од удобно со овие пари, а не му недостасувал ништо, напротив ...
- вели соседот.

Според него, Слободан имал два брака. Тој од својот втор брак имал три деца со својата прва сопруга и има син, кој живее во странство.

Сите деца се возрасни и живеат со нивните семејства. Му беше тешко, па пред некое време се рекламираше во локалните медиуми, барајќи сопруга. Неколку жени дојдоа да го запознаат, но ниту една не остана - рече соседот.

Полицијата е убедена  дека разбојниците добро знаеле дека има заштеди.

Убијците веројатно дознале од познаниците на Слободан дека има голема пензија во странски  валути и дека сигурно има заштеди во куќата. Исто така, се тестира и можноста старецот да е убиен од една од жените кои дошле да живеат со него, поради огласот кој го дал во медиумите да  бара сопруга - велат од полицијата.

 

Најчитани вести