Во компанија за трговија со овошје, како пратки со банани бил пратен кокаинот во скопски Крушопек. Лидер од извори во истрагата стигна до имињата на уапсените за трговија со 1.3 тони кокаин од кој 1 килограм бил фатен на лице место, пишува Лидер.мк

На лице место биле уапсени Јасмир Ебипи, Седула Ебипи, Исмани Рауф како и возачот од Црна Гора, Јован Косовиќ.

Нарко-компанијата, според објавата на МВР се вика Банекс Компани Дооел Скопје, а нејзин сопственик е уапсениот Седула Ебопи. Тие увезувале банани од Мексико, но всушншност набавувале дрога од нарко картелите таму.

Дрогата ја растоварал Јетмир Ебипи, син на сопственикот на компанијата.

Јетмир Ебипи, син на сопственикот на нарко компанијата

Проверката во централен регистар покажува дека оваа компанија во изминатите години пријавувала огромен обрт на пари. Да речеме во 2018 оваа компанија имала обрт од 174.307.281 денари или околу 3 милиони евра.

Местото каде што е запленета дрогата во Крушопек

Симптоматично е тоа што оваа компанија која очигледно се бавела со трговија со кокаин прикриен како трговија со банани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ добивала и државни тендери.

На 31 декември 201, со оваа нарко фирма договор потпишал ЈКП Тетово – Тетово за набавка на возило во вредност од 1.415.115 денари.

Извор: Лидер.мк

Најчитани вести