Само што започна седницата на која требаше да се гласа законот за јавно обвинителство, повторно е прекината, откако Емилија Александрова побара пауза, поради, како што кажа, некоректниот однос.

Имено, атмосферата во салата ексалираше кога дел од седумте изнајмени поранешни  пратеници на ВМРО ДПМНЕ, кои гласаа за промена на Уставот и името, а сега ќе гласаат и за насила протурканиот предлог-закон за јавно обвинителство, се побунија кога беа прозвани од страна на пратеникот Антонио Милошоски.

Крсто Мукоски за нас е колега. Но, за СДСМ, за Дескоска, за Ременски, за Зекири, Крсто Мукоски беше терорист. Тоа го кажаа. Сега, Крсто Мукоски за нив е реформист. Сега нема проблем што зема тендери. Пред да гласа, ќе го чешлаа заради тендери, рече Милошоски.

На ова, амнестираниот Крсто Муковски рече дека смета дека си го одлежал своето за „таа несвесна грешка што ја направив“, алудирајќи на настаните од 27 април.

Во ВМРО-ДПМНЕ се останати само криминалци, додаде амнестираниот вратар Крсто Мукоски

На крај и Сашо Василевски со пцовки, навреди и дерење се обрати кон Милошоски. Епилог на се е дека седумте изнајмени пратеници сега не сакаат да го гласаат законот за обвинителство, доставуваат 300 амандмани со кои практично се блокира гласањето во потребен рок пред недела кога е најавено распуштање на парламентот што за јавноста е знак дека се во договор со СДСМ и Заев да се одложува гласањето за да се одложат и вонредните избори закажани за 12 април. Уште еднаш седумте изнајмени пратеници ја вршат партиската потреба на Социјалдемократите.

Најчитани вести