Марко Вуковиќ на 17 јануари пред училиште бил изрешетан затоа што сакал да излезе од  бизнисот со криумчарeње на дрога.

Нему му била поставена мафијашка заседа затоа што одбивал да шверцува кокаин ни за Шкаљасркиот клан ни за Каванскиот клан, односно откако имал еден неспоразум со Шкаљарскиот клан кои од него барале од Јужна Америка да им прокриумчари уште една голема пратка на дрога. Тој иако соработувал со двата клана, сепак не бил дел ниту од едните ниту од другите, а немал ни кривично досие.

„Тој сите членови на клановите ги знае од детството. Затоа не сакаше да биде ни таму ни таму. Заврши поморска школа и стана капетан на прекуокеански брод. Меѓутоа двата клана познаството со него го искористија за од Јужна Америка да шверцуваат кокаин, вели извор за српските медиуми и додава:

„Марко за возврат добиваше пари како и гаранција дека никој нема да го меша во беспоштедниот спор помеѓу двата клана.

После 10 години тој одлучил да престано со овој бизнис, бидејќи истиот станал се поопасен а спорот помеѓу двата клана прераснал во војна до истребување.

Затоа тој си основал фирми во Белгија, Црна Гора и Србија и почнал да се занимава со легални работи. Во Белград се доселил пред неколку години и основал градежна фирма.

Сепак, припадниците на Шкаљарскиот клан почнале да го притискаат во последно време да им среди уште една пратка и му ветиле дека нема повеќе да го мешаат во тој бизнис. Вуковиќ го одбил ова барање. Но тие не можеле со тоа да се помират па почнале отворено да му се закануваат. Марко и покрај заканите не ја менувал одлуката верувал дека нема заканите се остварат заради познаството од детство. За жал погрешил.

Марко беше убиен околу 18:30 часот во класична мафијашка заседа во моментот кога во автомобилот биле три од неговите четири деца.

Најчитани вести