Една жена од Лондон, на која родената мајка и го одзела сопругот, вели дека никогаш во животот нема да и прости за тоа што и го уништила бракот, а потоа добила дете со нејзиниот сопруг.  

Лорен Вол (34) се омажила за Пол Вајт кога имала 19 години. Нејзината мајка Џули, која сега има 53 години, издвоила 17.500 евра за венчавката на нејзината ќерка, а благодарната Лорен ја однела на двонеделен меден месец со сопругот.

Осум недели подоцна, Пол се иселил од станот, а девет месеци подоцна Џули го родила бебето на Пол, објавувајќи дека тие се заедно.

Лорен сега вели дека Пол секогаш се чувствувал супер добро со нејзината мајка, но никогаш не мислела дека има нешто чудно.

„Тие се смееја, никогаш не помислив дека треба да се грижам за тоа“, рече Лорен.

Како што рече, Пол секогаш криел што прави на телефон, но нејзината сестра по неколку месеци успеала да го земе телефонот и тогаш видела дека Пол и нивната мајка си разменуваат пораки.

Неколку дена подоцна, Пол ја тргнал бурмата и се иселил од станот, а потоа се вселил во станот на нејзината мајка.

„Тоа е најлошото нешто што мајка може да направи на својата ќерка“, рече Лорен.

Пет години откако се ожени за Лорен, Пол се ожени со нејзината мајка Џули.

Најчитани вести