Скандалите со непотизам и судир на интереси во Македонија никако да запрат. Не само од не постои желба да  се искорени туку сега истиот стана дел и од институцијата која треба да  санкционира.

Според информациите од свиркачи ко стигнаа до Вечер.мк, се појави нов случај на непотизам овој пат поврзан со член на Антикорупциската комисија.

Имено, Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска која е член Антикорупциската комисија, најпрво е вработена во Секретаријатот за европски прашања, а потоа без конкурс испратена на испомош во Постојаната мисија на Македонија при Европската Унија во Брисел.

Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска

Иако подоцна на конкурсот се пријавени поискусни и подобри кандидати со повисоки звања од нејзиното, сепак на 13 декември мандатот како советник во мисијата и е доделен на  Дојчиновска, а одлуката е лично потпишана од министерот за европски прашања Бујар Османи.

Она што го прави скандал на непотизам од највисок ранг, е што се појавува огромен сомнеж дека при оваа одлука за унапредување на Неда Дојчиновска стои нејзината мајка која е член на Антикорупциската комисија. 

После ваквиот скандал се поставува прашањето кој ќе не штити од непотизмот и судирот на интереси при вработувањата ако тој е навлезен и во институцијата која треба да ги санкционира? Но, и како Антикорупциска ќе ја врши својата основна функција да биде контролор на власта доколку постои тесна врска помеѓу членовите на комисијата вработени во државните институции?

Најчитани вести