Актерот Кристофер Денис (52), познат по тоа што две децении на Холивудската патека на славните го играл суперхеројот Супермен, бил пронајден мртов во контејнер во Сан Фернандо.

Кристофер одамна се повлекол од светот на глумата, а повеќе од дваесет години во костимот на Супермен ги забавувал туристите и минувачите на Патеката на славните. За него бил направен и документарен филм и тој бил еден од главните соговорници во филмот „Исповеди на суперхероите“ од 2007 година.

Додека бил познат како Супермен на Патеката на славните бил нападнат и ограбен, при што добил тешки повреди поради кои бил неспособен за работа.

Тој бил чест гостин во популарното шоу на Џими Кимел и целосно одговарал на првиот Супермен (1978), актерот Кристофер Рив, кој го играше славниот херој – во висината, фигурата и темната коса. Тој собирал фигури на Супермен и бил голем обожавател на славниот херој.

„Крис беше симпатичен човек кој многу пати се појавуваше во нашето шоу и беше обожаван од сите. Ќе ни недостасува“, прочита Џими Кимел во своето шоу.

извор: Makfax

Најчитани вести