Седумгодишно момче утрово околу 8:30 часот паднало од 12. спрат на висококатница во Ниш и загинало на самото место, пренесува „Блиц“.

Според првичните информации, момчето било само дома. Официјално, не е познато под какви околности тоа паднало од балконот.

Момчето паднало на автомобил „голф“ паркиран пред зградата и починало на место.

Во моментов, органите ги утврдуваат сите околности кои довеле до трагедијата.

Според еден од соседите, мајката на момчето отишла да го однесе второто дете во градинка, која се наоѓа во близина на зградата, а малиот, најверојатно гледал од прозорецот кога ќе се врати неговата мајка и така дошло од трагедијата.

извор: Makfax

Најчитани вести