Поради драстичното опаѓање на квалитетот на услугата, незадоволните клиенти се повеќе ја напуштаат Северна Македонија, особено тетовско - гостиварскиот регион и се префрлаат на други оператори.

Клиентите генерално еднострано ги раскинуваат договорите без никакви последици, затоа што операторот Северна Македонија ги прекршила ветувањата по сите основи. 

- Пакетот на кој бев претплатен, вклучуваше владеење на правото, ефикасна јавна администрација, квалитетни медицински услуги, ниско ниво на корупција, бизнис без рекет и слободни медиуми. Јас не добив ништо од ова, па решив да го раскинам договорот и да одам кај друг оператор кој би ги исполнил моите обврски - пишува И.Т., еден од незадоволните корисници на северно македонските услуги на дилерот ДУИ во тетовско, кој по заминувањето кај другиот оператор испрати писмо до своите во Желино.

За чудо, се најде поштар кој ја пронајде адресата и писмото стигна.

Незадоволниот клинет од Желино вели дека ја избрал Хрватска за нов оператор и дека нивната понуда е многу подобра.

- Не само што ќе добијам сè што не добив од Северна Македонија во новиот пакет, туку и многу повеќе. Пакетот во Хрватска вклучува дури и бесплатна употреба на апликацијата „достоинствен живот“, што мојот стар оператор и овластен дилер ДУИ - не ја понуди. Исто така овде, ми беше дозволено да го чувам својот стар идентитет и име кога се преселив во новата мрежа - објаснува И.Т во писмото. 

Организациите на потрошувачи велат дека пазарот сигурно ќе ги казни лошите оператори како Северна Македонија, но дека во овој случај клиентите имаат причина да ја осудат Северна Македонија, со оглед на тоа дека она што им било ветено на клиентите и она што го добиле било рамно на измама.


п.с. Писмото е вистинско и стигнато на наведената адреса. Благорадност до испраќачот.

Најчитани вести