Без разлика дали некои се со огромно искуство, со голем број на победи во серија или се поранешни фудбалски ѕвезди, сепак сите тие водат скапи тимови и добиваат соодветна плата за тоа, како шлаг на нивните претходни достигнувања.

Кои се најбогатите тренери во Премиер Лигата?

10. Оле Гунар Солскјер (нето вредност 2,1 милиони долари)

Поранешниот џокер од клупата на Сер Алекс Фергусон, а сегашен тренер на Манчестер Јунајтед има потешкотии да се докаже како добар тренер, иако имаше добар почеток на кариерата.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (1).jpg

9. Еди Хоув (нето вредност 5,1 милиони долари)

Голем број љубители на фудбалот го сакаат бидејќи успеа да го доведе Борнмут од неколку лиги подолу, до горниот дел од табелата на Премиер Лигата. Тој досега има акумулирано 5,1 милиони долари, а со оглед на неговиот талент оваа бројка може само да расте.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (2).jpg

8. Маурисио Почетино (нето вредност 12 милиони долари)

Поранешниот тренер на Саутемптон и актуелниот тренер на Тотенхем се смета за еден од најдобрите менаџери во Премиер Лигата благодарение на неговите константни успеси, а лани го доведе тимот и до финалето од Лигата на Шампионите.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (3).jpg

7. Унаи Емери (нето вредност 13 милиони долари)

Унаи Емери носи голема одговорност како наследник на легендарниот Арсен Венгер, а тоа за него се покажа како тешка задача. Тој е искусен тренер, но навивачите не се задоволни од тоа колку долго му треба да го доведе тимот во натпреварувачка форма.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (4).jpg

6. Брендан Роџерс (нето вредност 16 милиони долари)

За да дојде до оваа сума, Роџерс мораше да помине голем број на тимови. Започнувајќи како тренер на Челзи, па сè до тренер на Ливерпул и Селтик, Роџерс постојано работел на највисокото ниво.

Сега тој е тренер на Лестер со кој се надева да ја замени големата шестка во Премиер Лигата.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (5).jpg

5. Мануел Пелегрини (нето вредност 20 милиони долари)

Ова е уште еден тренер со исто така многу големо искуство, којшто во моментот е на челото на Вест Хем Јунајтед и до сега има одлични резултати во новата сезона.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (6).jpg

4. Пеп Гвардиола (нето вредност 31 милиони долари)

Денес е тешко да се дискутира дали има подобар тренер во светот од Пеп Гвардиола. Тој е тактички гениј којшто каде и да отиде успева да се докаже. Ја креираше доминацијата на Барселона, го продолжи успехот со Баерн Минхен, за сега да нижи успеси со Манчестер Сити.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (7).jpg

3. Стив Брус (нето вредност 40 милиони долари)

Можеби ќе се изненадите дека Стив Брус е побогат тренер од Гвардиола, особено со оглед на тоа дека поголемиот дел од кариерата се бори со тимови од средниот дел на табелата во Премиер Лигата, но благодарение на неговата долга кариера, тој успеал да насобере толкаво богатство.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (8).jpg

2. Јурген Клоп (нето вредност 50 милиони долари)

Еден од најдопадливите тренери во лигата кој конечно успеа да го доведе Ливерпул до титула во Лигата на Шампионите, а и целосно го трансформираше клубот во тим кој брка титули.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (9).jpg

1. Френк Лампард (нето вредност 90 милиони долари)

Тој ја поминува само втората сезона како фудбалски тренер и веќе е на местото од соништата како тренер на Челзи, клубот во којшто го помина најголемиот дел од фудбалската кариера. Всушност и неговото богатство е благодарение токму на таа кариера како фудбалер, а како тренер допрва ќе треба да се докаже.

Koi-se-najbogatite-treneri-vo-angliskata-Premier-Liga (10).jpg

 

Најчитани вести