Loading..

Бизнисот со нелегална трговија со наркотици во регионот станува проблем не само за нас туку и за водечиките држави во светот како САД, Британија или Германија, а особено европските бидејќи главните рути за трансфер на дрога до богатите европски држави одат преку Балканот. Речиси сите тие патишта на дрогата поминуваат – преку Македонија. Доколку се погледнат имињата во Македонија наркобизнисот го држат Албанците во соработка со колеги од Косово, со сорбаотници во пониските нивоа меѓу останатите етнички заедници во државата.

Македонските дилери соработуваат и со поголемите шефови на наркобизнисот од Косово, меѓу кои на врвот се координаторот за САД Том Духани, блзиок со Беџет Пацоли а за Германија задолжен е Гани Дрешај кој пак е близок со Рамуш Харадинај.

Наркобизнисот е длабоко навлезен и во македонската политика, особено последниве три- четири години и како никогаш порано функционери на владеачките партии отворено се дружат, сликаат и на избори соработуваат со шефовите на нарко бизнисот. Резултат од тоа се темелните промени на изборните резултати во општини каде наркобизнисот се смета за традиционално присутен како Арачиново, Грчец или Студеничани каде дојде до невиден пресврт во распоредот на гласовите кои од традиционалните албански средини и гласање за партиите на македонските Албанци, преку ноќ, одеднаш убедливо гласаа за СДСМ. Тоа доведе и до преземање на власта од СДСМ во наведените општини кога таму доби за прв пат во својата историја локална власт под контрола, а СДСМ заработи и неочекувани 4-5 пратеници повеќе по овие пресврти на гласачките места.

Во Македонија последниве години се креира, пресликува состојбата од Косово каде политичарите од врвот тесно соработуваат и даваат логистика на наркобизнисот кој пак го водат формални бизнисмени како Екрем Лука, Исмет Осмнаи - Цури, браќата Шемседин и Сабит Геци или Рустем Мустафа

Веднаш по изборите СДСМ и Заев донесоа одлука за амнестија на околу 700 затвореници меѓу кои во голем дел се и дилерите од наркобизнисот. По преземањето на власта веднаш се растури и одделот за организиран криминал во делот на наркобизнисот како и кадровско разбивање на одделот за недозволена трговија и шверц на дрога иако тие полициски сектори имаа историски успех во борбата против дрога а, помеѓу останатото, се памети и заплената на 500 килограми чист кокаин во јануари 2007 година, најголема во историјата на Македонија.

Еден од ретките докажани независни професионалци во полицијата во власта на СДСМ е Лазе Велковски кој беше поставен на функција директор на Јавната безбедност.  Запаметете го ова име бидејќи во приказната потоа е еден од клучните ликови. Но, Велковски кусо остана на таа функција бидејќи по барање на премиерот Заев беше сменет минатата година поради тоа што неговата ќерка се возела со неговото службено возило Ланд Ровер. Од оваа временска дистанца, и по собирање на сите информации, порталот Вечер одговорно тврди дека Лазе Велковски е наместен од МВР и возилото кое го возела неговата ќерка е плански следено од Скопје па се до Грција каде е сликано, а фотогафиите потоа се предадени на одбрани портали за да се промовира скандалот.

Пред овој спакуван полициски скандал Лазе Велковски, како директор на Јавната безбедност, ја заплени целокупната документација и го отвори скандалот во Министерството за здравство за сомнителен тендер на реагенси вреден 37 милиони евра! Тендерот пропадна но, заинтересираните за тие 37 милиони евра најдоа начин да му се одмаздат, и да го сменат. Целосното исфрлање од полицијата на Лазе Велковски го запре американската амбасада и тој, потоа, е поставен на функција началник на организиран криминал.

Врските и тајните на нарко бизнисот во Македониоја, денес

За прв пат во Македонија, по осум месеци истражување и собирање податоци од дипломатски и македонски извори, порталот Вечер открива детали за тајните шеми и врските во нарко бизнисот во Македонија издвојувајќи, за оваа прилика, само некои од деталите, а сите информации со кои порталот Вечер располага ќе бидат пласирани во иднина, согласно поводот и приликите кои ги диктираат настаните.

Рафиз Исени Бреза, заедно со неговите браќа Таулент Исени и Бесфорт Исени, ја предводи групата од Синѓелиќ. Тие беа уапсени во акции во мај и јуни годинава, а Рафиз Исени Бреза беше еден месец во Косово по акцијата на полицијата. Во оваа акција беа уапсени Беким и Ибрахим Јахја (кои се дел од поранешната група Беланоца, група на Џељо Ајети, која сега е распадната на три дела, особено по убиството на Рузвелтова на крајот од 2018 година)

По распаѓањето на Беланоца на три помали групи, најсериозна станува групата на Бреза (трговија со кокаин) која дневно прави промет од околу 5.000 евра, а заработката е голема. Се купува чист кокаин по цена за 1 грам од 38 евра, а се продава 0,4 грама за 50 евра, или околу 100-120 евра за грам. Ако се знае дека на чистиот хероин пред продажбата му се додаваат 30-40% разни евтини смеси како парацетамол, на околу 5.000 евра промет дневната чиста заработка е повеќе од 3.000 евра.

По убиството на Наим Исени (брат на Џељо Исени) минатата година на Рузвелтова во Скопје, Беким Јахја зема замав и ова негово делување е проследено со повеќе инциденти кои се регистрирани од полицијата, но за кои МВР молчи. Еве еден пример: Тој пука во колата на Сетко Рахиќ, брат на сегашниот директор на затворот Шутка Есад Рахиќ, на крајот на 2018 година, настан кој не е расчистен до денес ниту има кривична пријава. Регистрирани се и 3-4 киднапирања. Според извори на порталот Вечер од полицијата оваа група е заштитена од началникот на недозволена трговија при СВР Скопје, Газменд Бериша.

Сопругата му на началникот Газменд Бериша е ќерка на пратеничката на СДСМ од Гостивар Ѓуленсен Касапи.

Наркобизнисот расте како никогаш досега, а мерки против крупните играчи речиси веќе три години не се преземаат. Досегашниот началник за недозволена трговија со дрога во организиран криминал замина во пензија, а МВР пред околу два месеци отвори интерен конкурс за место кое е таксано токму за Газменд Бериша. Изборот требаше да биде завршен, но поради внатрешни отпори кај дел од началниците во МВР – се уште не е избран.

Кај началниците кои пружаат отпор познато е, и нам ни е потврдено, сомневањето дека групата на Рафиз Исени Бреза била под директна закрила и плаќала за заштита кај началникот за недозволена дрога при СВР Скопје Газменд Бериша, и плус кај уште двајца високи функционери од МВР, кадри на ДУИ.

Таулант Исени, брат на Рафиз Исени Бреза од Сингелиќ, во безбедносните служби има досие како припадник на радикални исламистички структури кои преставуваат директна закана по безбедноста на државата.

Извори од обвинителството наведуваат дека истрагата и акцијата на апсење нарко дилери од мај и јуни годинава требала да извади најмалку 15 луѓе од групата, а на крајот акцијата се сведува на 4-ца уапсени од кои за двајца има непобитни докази дека земале замав, фатени се од полицијата, еден од нив е пуштен да се брани од слобода, додека четвртиот е во бегство откако добил дојава за полициска акција.

Најновите информации на порталот Вечер од ЈО се дека Беким и Ибрахим Јахја се врбуваат од истражители на обвинителството за организиран криминал да бидат заштитени сведоци, т.е. да дадат информации против групата од Грчец и Рафиз Исени Бреза. На овие двајца кои се фатени со докази им се ветува слобода и преку нив се подготвува удар на групата од Шеваљ од Грчец, заедно со Орхан Бајрами Оки.

Притиснати од доказите и некои други шефови на наркобизнискот од апсењето во Сингелиќ соработуваат со полицијата па месец дена подоцна уапсен е и Абдулах Садики викан Дули кај кого при апсење се најдени оружје и кокаин.

Пред околу десетина дена на Партизанска во Скопје е запрено скапо возило Мустанг на синот на Шеваљ Муареми од Грчец, возилото било внесено во Македонија без никаква документација и запленето е од страна на полицијата.

Дрогата која се продава во Македонија, воглавно, се увезува од Турција и Косово, марихуната претежно од Албанија, делумно останува на македонскиот пазар а во најголем дел потоа се транспортира во државите на западна Европа. Британските медиуми, како и медиумите во Германија и Чешка пишуваа дека албанските нарко дилери од регионов (Косово, Македонија и Албанија) држат повеќе од 40% од пазарот на хероин и кокаин во десетина држави низ западна Европа со проценет годишен промет кој надминува една милијарда евра.

Американците ја преземаат работата во свои раце

По констатацијата дека во регионов, а оттаму и во Македонија, полицијата и државните власти наместо да се борат против нарко бизнисот соработуваат со главните дилери како заради личен профит така и заради помош од дилерите при избори, најмоќната светска организација за борба против нарко бизнисот, американската агенција ДЕА, на почетокот на годинава работите ги презема во свои раце, планира и координира акции во Грција, Албанија, Косово, Србија и - Македонија.

Што се однесува до Македонија, во периодот април-мај годинава во Солун се организираат средби на експерти од американската ДЕА и одбрани лица од македонската полиција. За шеф на мал доверлив тим кој треба да ја предводи борбата против нарко дилерите во Македонија избран е Лазе Велковски, денес началник на организиран криминал во МВР. Тој, и околу десетина одбрани полицајци добиваат овластувања од ДЕА за акции, добиваат информации и заштита од Американската амбасада од опструкции во самата власт како и за случаи кога полицијата одвнатре им урива планови или врши покривање, дојави и прикривање на нарко дилерите за да ги заштити од апсења и заплена на дрога, пари и имот од трговијата со дрога.

Првите акции во Арачиново, односно Синѓелиќ во мај-јуни и една потоа се оценети како мали и без очекуван ефект, а слабиот резултат се должи токму на уривање на акциите од внатре, од соработници на нарко мафијата меѓу полицијата и политичарите. Некои од шефовите од Грчец и Арачиново, по дојавите, ја напуштија Македонија и сега се тешко достапни за екипата на ДЕА во МВР.

ВЕЧЕР ДОЗНАВА дека деновиве екипа од македонската полиција, од малиот тим на началникот Лазе Велковски, е испратена на обука и координација со американската ДЕА во Будумпешта, Унгарија и таму ќе остане најмалку две недели до акциите кои се планирани веќе во октомври годинава, не само во Македонија туку и во Србија, Косово...

Амерканската ДЕА со овие апсења, доколку акциите завршат успешно, ќе предизвика и тектонски пореметувања во македонската политика бидејќи дел од македонските политичари во власта, како и дел од функционерите во МВР, се длабоко поврзани со наркодилерите во главните центри за трговија со дрога. Нарко шефовите очекуваат заштита од своите соработници во власта и полицијата затоа што платиле за тоа и одработиле на избори, и таа заштита досега успешно функционира. Но, американската агенција ДЕА има намера таа поврзност да ја прекине, и да се разбие организираната шема на нарко дилерите по што може да се очекува и возвратен удар, одмазда на нарко дилерите врз своите ментори во власта и полцијата.

Средба во хотелот Александар палас

ВЕЧЕР ДОЗНАВА дека во април годинава, во хотелот Александар Палас во Скопје, се случила средба помеѓу осомничениот во скандалот Рекет, Зоран Милевски Кичевскиот од една и Љубинко Гобељиќ и Недељко Бркиќ, од друга страна.

Љубунко Гобељиќ, кој денес себе се претставува за успешен бизнисмен од Србија, е познат уште од деведесеттите години како соработник во шверц со тогашниот директор на српската царина Михаљ Кертес и криминалната група на Зоран Јотиќ Јотке од Крушевац преку кого влегол и во трговија со хероин преку Бугарија, а неговиот постар брат Звонко бил близок на Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ. За соработката со Јитка, Љубинко Гобељиќ е осуден на пет години затвор а неговиот брат Звонко, по смената на власта во Србија, станува соработник на министерот за финансии Младен Динкиќ кој го поставува директор на филијала на Војвоѓанска банка која, потоа, пропаѓа за неполни две години со загуба од близу десет милиони долари а потоа, во 2006 година, Војвоѓанска банка е продадена на Грци. Звонко Гобељиќ од кризата излегува богат, купува неколку битни српски компании кои се менаџираат преку кипарската фирма Велкан Трејдинг Лимитед.

Љубинко Гобељиќ од хотелот Александар палас во Скопје, братот на спомнатиот Звонко, кој е најблизок соработник на Зоран Јотиќ Јотке, криминланиот бос од Крушевац е сниман од српскиот специјален истражен оддел УБПОК, и фатен во контакт со судијата Љубомир Вучковиќ како договара поткуп од 450.000 евра за ослободителна пресуда на својот шеф Јотке. Работа гледана деновиве и во Македонија. Ден пред соопштување на ослободителната пресуда за Јотке судијата Вучковиќ е уапсен. Љубинко Гобељиќ денес е бизнисмен, соработник на својот богат брат Звонко Гобељиќ.

Недељко Бркиќ, другиот од средбата со Кичевскиот во Александар Палас, важи за еден од главните српски шефови за траговија со кокаин од Јужна Америка за Европа, и со тоа се е речено. Под координација на американската агенција ДЕА за само неколку месеци извршени се неколку акции за заплена на кокаин и апсења на крупни српски дилери во Романија, Шпанија, на Азорските острови... кои припаѓаат на поширокиот систем на трговија каде учествуваат српските дилери со дрога во кој систем се спомнува и Недељко Бркиќ.

Средбата во Александар Палас во Скопје помеѓу Зоран Милевски Кичевскиот, Љубинко Гобељиќ и Недељко Бркиќ, случајно или не, се случува во април годинава непосредно по апсењето на двајца српски дилери во Романија кои се обвинети за транспорт на дрога, околу 1.000 килограми над 90% чист кокаин од Јужна Америка кој, според романската полиција, има пазарна вредност од околу 300 милиони евра. По ова, наркодилерите бараат нова, сигурна рута за транспорт.

Според извори од српските органи, но потврдени и од дипломатски извори од Скопје, на оваа средба гостите од Србија барале од Зоки Кичеец, како лице со добри контакти во врвот на власта, да им обезбеди гаранции за транспорт на околу 1,000 килограми кокаин преку Македонија. Таква гаранција може да даде само некој кој е во врвот на власта.

Повторно, случајно или не, во исто време тие денови во Хотелот Александар палас во Скопје престојува и лице за кое слободно може да се каже дека претставува дел од врвот на власт и моќ во Македонија, а чие име кое нам ни е познато и засега останува тајна за јавноста.

(vecer.mk)

Најчитани вести