Најмалку 31 лице загинаа во стампедо за време на верски празник во Карбала во Ирак поради што локалните власти денеска прогласија тридневна жалост.

Стампедото, во кое повредени се повеќе од 100 верници, настанало кога вчера се урнал дел од пешачки мост додека десетици илјади го прославувале Денот на Ашура, еден од најсветите верски празници за шиитите.

Несреќата се случила кога огромен број верници се стрчале кон храмот на имамот Хусеин во Карбала.

Гувернерот на Карбала, Насиф ел-Хатаби, прогласи тридневна жалост, а ирачкиот премиер Адел Абдул-Махди го посети градот по несреќата.

Карбала се наоѓа на 80-ина километри јужно од Багдад.

Официјални лица изјавија дека повеќето од повредените се пуштени од болница, а деветмина се во критична состојба.

извор: Makfax

0

Најчитани вести