Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13, откако со лисици на рацете во придружба на полицијата вечерва беше донесен на распит во Кривичниот суд. Тој  попладнево беше уапсен на граничниот премин Богородица.

Јовановски е првоосомничен во најновата истрага на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановска заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание, како и за перење пари. Претходно судот му одреди 30 дена притвор и на Милевски.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисмен, за преку извесен јавен обвинител на кој не му беше соопштен идентитетот, да биде олеснета постапката што се води против него. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

1

Најчитани вести