Во онлајн анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето: „Кога и како ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт?“, најголем дел од учесниците – 42,4 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт за една година со Христијан Мицкоски. 24,3 отсто одговориле „никогаш“, 18, 3 отсто одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт кога ќе се откажат од Никола Груевски и неговата екипа, 11 отсто одговориле кога Христијан Мицкоски нема да е претседател на партијата, а 4 отсто од учесниците во анкетата одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојдат на власт за пет години.

На анкетата одговор дале 6. 490 читатели, од кои 82,3% од Македонија, од Германија 3,6%, од Швајцарија 1,6% и од Грција 1,3%.

Анкетата е спроведена на 13 интернет-страници, и тоа на 11 јули во траење од 24 часа.

Од анкетираните, според податоците на истражувачкиот центар на „Макфакс“, најголем дел бил мажи на возраст од 25 до 34 години.

178

Најчитани вести