Бившиот на Севе и таткото на малиот Александар, Милан Поповиќ го обвини сегашниот сопруг на пејачката Игор Којиќ дека неодамна пред семејниот дом му оставил свеќа со катран. Во Загреб по овој повод е одржано сослушување, а синот на Кеба пред надлежните органи го признал делото бранејќи се дека на Милан само му го вратил спорниот предмет и тоа на барање на Северина. 

„Којиќ на суд на сите начини се обидуваше да се заштити себе и Северина, но уште повеќе се закопа кога призна дека токму пејачката му рекла на Милан „да му ја врати“ свеќата со катран. Најмногу зборувал дека и тој и сопругата се невини“, открил добро упатен извор. 

Од друга страна, Поповиќ не го обвинува Игор, туку смета дека е изманипулиран од страна на Северина. 

„Знаете што, мислам дека Игор не е виновен за ништо. Тој едноставно е изманипулиран и вовлечен во нешто за што не би требало за ништо да се прашува. Северина е вистинскиот нарачател. Поставувањето свеќа, инаку познат ритуал на црна магија, е само доказ за краен очај и немоќ“, рекол Милан. 

4

Најчитани вести