Во Рим денеска на улица изгоре автобус на градското сообраќајно претпријатие „Атак“, при што нема повредени, пренесува агенцијата „Анса“.

Како што се додава, автобусот, кој бил во употреба 15 години, се запалил во раните попладневни часови. Од претпријатието соопштиле дека возачот ги изнел патниците од авозилото и се обидел сам да го угасне пожарот, но не успеал во тоа.

„Немаше никакви проблеми со луѓето“ се наведува во соопштението од претпријатието.

извор: Makfax

7

Најчитани вести