На 11.7.2019 година во 08:40 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „Ауди А6“ со тетовски реистарски ознаки, управувано од С.З.(35) од Тетово, со привремено живеалиште во Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје. 

 

9

Најчитани вести