Апликацијата „МојДДВ“ отсега е достапна за преземање и од Apple store. 

Од Управата за јавни приходи соопштија дека од 1 јули кога почнала реализацијата на мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ, апликацијата ја користат над 120.000 граѓани.

Заклучно со 11 јули годинава, скенирани биле 1,964,811 фискални сметки, остварен е промет од 1,041,512,209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ изнесува 16,323,077.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата „МојДДВ“ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата „МојДДВ“.

За сите граѓани УЈП на својата веб страна, нуди и одговори на најчесто поставуваните прашања на граѓаните преку контакт центарот на УЈП и социјалните мрежи.

извор: Makfax

84

Најчитани вести