Едно лице почина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селото Ботун и селото Климештани.

Во несреќата учествувале патничко возило „цитроен саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(55) од Скопје и товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Охрид, соопшти МВР.

Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал возачот П.С. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Охрид.

извор: Makfax

171

Најчитани вести