Нов автопат, кој Кина ќе ја поврзува со Европа, потребен е пред се од политички причини, за Пекинг да ја прошири и и диверзирал можноста за испорака на своите призводи на Стариот континент, со обзир на тоа дека многу западни земји постојано поставуваат нови блокади и препреки на кинеските транспорни компани.

Владата на Русија го одобрила прокетот “Меридијан“, прв - јавен – приватен автопат. Како што е наведено тоа ќе биде нај кус пат за превоз на стока помеѓу Кина и Европа. Премиерот на Русија Димитриј Медведев ја одобрил изградбата на автопатот, а спрема пишување на руски медиуми, таа рута е вклучена во сеопфатен план на развој и модернизација на руската инфраструктура.

Автопатот “Меридијан“ ќе биде долг скоро 2.000 километри, ќе има четири ленти и ќе оди од Белорусија до Кина, поминувајќи осум региони на Русија и преку Казахстан, а завршување на изградбата е планиран за 2024 година. 

Инаку во светот е веќе присутна формата на јавно-приватно партнерство, а кинеските компании на големо работат на изградба на птишта во склад со концесиски услови – и во Африја, во Латинска Америка, па и во Европа и не постои ниедна пречка таквиот механизам во реализација на инвестициски проекти не биде применет во Русија.

За реализација на овој проект треба детално да се пресмета, и сите страни да бидат сигурни дека овој проект ќе биде оправдан, пред се од економски аспект, иако не треба да се мисли дека автопатот сам по себе ќе се исплати за пет или 15 години, но мора да да постои сметка дека ќе биде селисходен и дека долгорочно ќе се исплати, истакнува Сергеј Снакојев, раководител на руско-кинескиот аналитички центар.

Запрашан дали на Кина и е потребен автопат и покрај фактот дека таа земја наголемо користи поморкски сообраќај со кои својата стока ја испорачува во Европа, Санакојев вели...

Проблемот се гледа во тоа што западни земји постојано поставуваат нови блокади и препреки на кинеските транспорни компани. Поради тоа Кинезите почнале да работат на проектот “Еден појас-еден пат“ со цел да ја пробијат таа блокада, пред се во Јужно кинеско море но и на други места.

“Кинесите не сакаат да ги држат сите јајца во една корпа, поради тоа ќе им биде интересно со Русија да го разработат патниот и железничкиот сообраќај, но да го развива и Северниот поморски пат. Затоа мислам дека аргументот дека на Кина не и потребен патниот сообраќај - не стои, појаснува Санакојев.

Исто така не треба да се занемари фактот дека Русија и останатите земји ќе имаат потенцијална зарабаотувачка од овој автопат. Изградба на автопатот, ја следат и други проекти, како што е изградба на пратечки инфраструктури. Покрај тоа со тек на време долж автопатот ќе се појавт нови технолошки паркови за преработка на производи кои најчесто ќе се превезуваат. А со самото тоа ќе се зголемат работни места не само за Кина туку и за земјите низ кој ќе поминува тој пат а воедно и дополнителни приходи кои ќе се слеваат во буџетот на база на данок.

1,257

Најчитани вести