Loading..

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој вечерва бил пернесен во ГОБ „8 Септември“, вратен е во затворот „Шутка“, потврди за Република директорот на затворот, Есад Рахиќ.

Јанакиески бил префрлен на контролен преглед откако се пожалил на болки во стомакот, гадење и лошење.

Директорот на болницата за Сител потврдил дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите. Му направиле ехо преглед, лаботаториски анализи и снимање на рендген а бил прегледан и од уролог. Лекарите му дале терапија и останал во болницата до смирување на болката, по што затворската полиција го вратила назад во затворот во Шутка.

Јанакиески е во притвор од 28 јуни, а веќе 12 дена штрајкува со глад. Дека е во тешка здравствена состојба претходно предупредија неговата сопруга, Сања Јанакиески, и медиумите, кои пишуваа дека е изнемоштен, одбива секаква храна, а дека е во лоша здравствена состојба е видливо и физички и психички. Од семејството ги демантираат шепкулациите кои проструија во некои медиуми дека Јанакиески примал храна само од дома.

Најчитани вести